Новости

Балкан

Затворена зоолошка во Албанија поради неточни информации за неухранети животни

Поради лажни информации за неухранети лавови и зебри во приватната зоолошката градина Сафари во Албанија властите наредија нејзино времено затворање.

Министерот за животна средина Бленди Клоси нареди итна инспекција и преместување на животните од зоолошката во градот Мбростар (кој се наоѓа 100 километри јужно од Тирана), откако британски „Дејли Мејл” објави видео снимки од објектот, наводно, што покажуваат лав со инфекција на окото и други неухранети животни во железни кафези.

Сепак, Ардијан Кочи, претставник на регионалната служба за заштита на природата, изјави дека при неодамнешна проверка е утврдено оти сите животни во Сафари се здрави.

МИА

GOLD
To Top