Новости

Балкан

Затворен аеродромот во Подгорица

Аеродромот во Подгорица е затворен поради обилни снежни врнежи кои предизвикале проблеми во воздушниот сообраќај, пренесе РТЦГ.

„Вработени на аеродромот и припадници на војската на Црна Гора во текот на ноќта и утрово ја чистеа пролетно-летната писта и површините за маневри, но силните врнежи во текот на утрото повторно формираа снежна покривка која оневозможува безбеден авиосообраќај“, соопштиле од аеродромот.

Во Подгорица до седум часот утринава е формирана снежна покривка од седум сантиметри. Пред целосно да биде затворен, од аеродромот биле откажани неколку летови.

GOLD
To Top