Новости

Балкан

Земјотресите на Балканот никако да престанат: Потреси во Црна Гора и Албанија

Синоќа во 21 часот и 13 минути бил забележан земјотрес со помала јачина и епицентар на 8 километри северно од Подгорица, информира секторот за сеизмологија на Заводот за хидометеорологија и сеизмологија.

„Жариштето на овој земјотрес е лоцирано на длабочина од 22 км, но бил со послаб интензитет“, се наведува во соопштението.

Од Заводот истакнуваат дека овој земјотрес не можел да направи материјална штета во епицентралното подрачје.

Потреси беа регистрирани и во Албанија утринава со интензитет со 3,0 и два послаби од 2, 4 степени по Рихтер.

Посилен земјотрес утринава во 4 часот 23 минути е почувствуван во БиХ со интензитет од 3,9 степени по Рихтер на 60 километри од Сараево содлабочина од 2 километри.

GOLD
To Top