Новости

Балкан

Идентификуван напаѓачот од Истанбул

„Идентитетот на извршителот на терористичкиот напад во Истанбул е утврден“, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу денеска за новинската агенција Анадолија. Тој не го соопшти името на напаѓачот. Во меѓувреме, уште најмалку пет лица се уапсени поради сомнение дека се поврани со нападот во ноќниот клуб „Реина“ во Истанбул за време на новоодишната ноќ, во кој загинаа 39 лица, а 69 беа уапсени. Според полицијата сите тие се членови на Исламска држава, која ја презеде одговорноста за нападот. Претходно се уапсени најмалку 14 лица, за кои полицијата се сомнева дека се поврзани со нападот, меѓу кои и двајца странци.

GOLD
To Top