Новости

Балкан

И денеска „инвазија“ на Македонци во Грција, позната вкупната бројка

Неколку илјади Македонци и вчера навалија накај Грција, да го искористат макар и само викендот, па така вкупниот број од денес и вчера се искачи на безмалку 16.000.

-Продолжениот празничен викенд од од 23-ти мај од 12 часот, до вчера до 12 часот имаме вкупно 25.642 патници, на излез се 20.222 патници од кои македонски државјани се 15.967. Главната гужва беше во четвртокот во утринските часови од 20 часот на 23-ти мај до вчера до 12-13 часот. И вчерашниот ден во утринските часови имаше зголемена фрекфенција на возила. Немаше застој освен во шпицот кога се чекаше и по 15 до 20 минути- изјави за 1ТВ Миле Тошев, командир на Граничниот Премин „Богородица“. 

Најголемата навала токму беше на Богородица, додека на другите гранични премини немало до толку гужви. Заради новиот автопат „Пријателство“ и тешката снаодливост на граѓаните да се насочат кон Дојран, целиот патнички сообраќај беше токму на  „Богородица“. Од таму велат дека се подготвени за големиот бран во недела кога се очекува враќањето на македонците дома.

– Враќањето на патниците од Грција го очекуваме во Грција. Имаме ангажирано доволен број полициски службеници на пасошка контрола. Но, приливот на патници ќе биде диктиран и од грчка страна- вели Тошев.

Иако и македонскиот бисер Охрид е преполн со туристи, сепак останатите излетнички места во земјава како по обичај останаа полупразни.

 

 

 

 

 

 

Извор: Скопјеинфо

Evrotip
Евротип
To Top