Новости

Балкан

Македонец загина во сообраќајка во Хрватска

Еден македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа што се случи денеска во 12 часот и 35 минути на автопатот А3 во Хрватска, јавија локалните медиуми.

Според Индекс.хр, се судриле македонски камион и автобус од Босна и Херцеговина.

Сисачко-мославачката полиција соопштила дека во несреќата загинал возачот на камионот, кој бил македонски државјанин. Во автобусот полесно се повредени 15-ина патници, од кои осуммина се пренесени во болница во Нова Градишка.

Хрватскиот автоклуб (ХАК) соопшти дека поради несреќата се вози по една коловозна лента што предизвикало формирање колона од неколку километри.

Во тек е увид на самото место. Македонското МНР засега нема детали за несреќата.

GOLD
To Top