Новости

Балкан

Македонец почина во близината на Банско

Педесет и четиригодишниот, П.К, вчера починал на паркинг на ски-патеката Кулиното, која се наоѓа во близината на Банско и Разлог, пренесува порталот „Струма“.

Медицинска екипа дошла на лице место и само констатирала смрт.

Според најблиските, тој во минатото имал срцеви проблеми.

Телото е предадено на обдукција за да биде откриена причината за смртта пренесува точка.

GOLD
To Top