Новости

Балкан

Македонија и Бугарија ќе отвораат заеднички амбасади

Премиерите на македонската и бугарската Влада предложиле Македонија и Бугарија да имаат заеднички дипломатски претставништва на оние места каде двете земји немаат свои амбасади.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на приемот во бугарската амбасада во Рим  по повод празникот 24 мај, на кој присуствуваше и премиерот Зоран Заев, рекол дека ова е возможно ако станеме прагматични, тогаш ќе сфатите дека можеме да направиме уште подобри работи.

Ова за националната бугарска телевизија го потврди и бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, која вели дека можно е Бугарија да и дозволи на Македонија да ги користи и веќе постоечките бугарски амбасади.

„Ова ќе биде уште еден знак за зближување“- изјави Захариева.

Како пример беше наведено дека скандинавските држави споделуваат амбасади за да заштедат пари.

GOLD
To Top