Новости

Балкан

Македонска цистерна со гас излета кај Врање – се стравува од експлозија

Цистерна со македонски регистерски таблички, утрината нешто по 8 часот, слетала од автопатот во близина на Врање.

Српските медиуми објавуваат дека за среќа нема повредени, но автопатот во должина од околу петстотини метри, го обезбедува полицијата заради потенцијална опасност од излевање на течниот гас или експлозија.

Едната лента од автопатот е затворена за сообраќај.

Извор и Фото: Прес24

GOLD
To Top