Новости

Балкан

Македонски автобус остана без покрив – удри во надвозник во Пловдив

Автобус останал без покрив откако удрил во надвозник во Бугарија. Според бугарските медиуми инцидентот се случил под мостот на булеварот Марица-Југ, во бугарскиот град Пловдив.

Возачот не го забележал предупредувањето за ограничена висина од 3,3 метри на возилата кои можат да поминат под надвозникот, па удрил во надвозникот, при што буквално останал без покривот, јавуваат бугарските медиуми.

За среќа, во инцидентот нема настрадани, а во автобусот се наоѓале само двајцата возачи, но предизвикана е значителна материјална штета.

Медиумите пишуваат дека се работи за македонски автобус.

ж

GOLD
To Top