Новости

Балкан

Мицотакис бара грчкиот народ да одлучи за Договорот од Преспа

Лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис во разговор со членови на партијата, при посетата на грчкиот остров Самос ги повтори цврстите ставови на Нова демократија дека со Договорот од Преспа се отстапуваат македонска националност и македонски јазик, но и дека треба што поскоро да се распишат избори за да одлучи грчкиот народ.

„Ние, овој договор нема да го ратификуваме, ниту сега, ниту ако го најдеме пред нас во следниот Парламент“- повторува Мицотакис

Тој уште еднаш ја обвини Владата дека во внатрешноста има различни позиции, со еден став е министерот за надворешни работи,  Никос Коѕијас, со друг став министерот за одбрана, Панос Каменос и затоа порача дека потребно е „за прашањето со Договорот од Преспа, да одлучи грчкиот народ, пред да дојде за ратификација во парламентот“, јави дописничката на МИА од Атина,.

Тој вели дека колку поскоро си оди Владата, ќе биде подобро.

И во доверливите стенограми кои вчера ги објави грчкиот весник Катимерини од лидерските средби во земјава се гледа дека македонските политичари се плашат од тврдите ставови на Мицотакис, кој можно е на следните избори да ја презеде власта во Грција.

Евротип
Евротип
To Top