Новости

Балкан

Најубавата љубовна приказна доаѓа од Хрватска

Image credits: Domagoj Sever

Верниот Клепетан лета илјадници километри секоја година за да биде со својата љубов Малена која не може да лета – приказната за Клепетан и Малена, двата штрка од Хрватска, која ни дава пример за љубовта и посветеноста и победувајќи ги сите пречки.

На крајот на март, Клепетан се врати во малечкото село Бродски Варош во источна Хрватска 16-ти година по ред, откако го напушти својот зимски дом во јужна Африка.

Image credits: Total Croatia News

Тука, во Бродски Варош, повторно е заедно со љубовта на неговиот живот, Малена.

Познатата љубовна двојка повторно очекува принова. Деновиве Малена снесе јајца, кои Клепетан внимателно ги чува. Понекогаш тој ги лежи јајцата, додека Малена шета низ дворот. Овие малечки кои ќе се родат ќе бидат најновата принова покрај досегашните 62 штркчиња на Малена и Клепетан.

Image credits: Katerina Zvonic

Нивната љубов и посветеност ги направи познати во целиот свет.

71-годишниот Стјепан Вокиќ се грижи за Малена откако во 1993 година ја пронашол крај блиското езерце, повредена од ловци.

Таа ги поминува зимите во затворен простор кој Вокиќ го нарекува „импровизирана Африка“ каде има седло, затоплување и аквариум. Напролет, тој прави џиновско седло за Малена на покривот.

Пред да замина во Африка, таткото Клепетан ги учи своите деца како да летаат пред да мигрираат во август во Африка.

Во меѓувреме, Малена останува со Вокиќ, кој и ги бања нозете и и става крем за да не и се сушат, бидејќи не се наоѓа во соодветно живеалиште на мочуриште.

„Ја носам на рибарење, бидејќи не можам да ја однесам во Африка. Дури заедно гледаме телевизија. Ако ја оставев в езерцето повредена, лисиците ќе ја изедеа. И ја промени судбината, затоа сум одговорен за нејзиниот живот“, изјави Вокиќ за АФП.

Image credits: Jana Water

Клепетан носи прстен за следење на ногата. Неговата последна мигрирачка дестинација е лоцирана близу Кејп Таун, на 14.500 километри од Малена. Него му се потребни околу 30 дена за да стигне до селото каде се наоѓа неговата љубов.

GOLD
To Top