Новости

Балкан

На Хрватска ѝ недостасуваат 12.000 медицински сестри и 2.000 доктори

Во Хрватска има 62 болници и голем дел од нив се соочуваат со недостиг на персонал. Во моментов, во регистарот на медицински сестри има 40.224 медицински сестри и техничари. Се проценува дека недостасуваат уште околу 12.000 за исполнување на стандардите на ЕУ.

И состојбата со лекарите не е многу подобра. Според податоците на хрватската Лекарска комора, во јавниот систем се вработени 13.613 лекари. Од нив, 13.342 се вработени со полно работно време, додека 271 се лекари во пензија, кои работат до четири часа.

Според податоците на комората, специјалистите одработуваат повеќе од три милиони прекувремени часови годишно, па така е пресметано дека им недостасуваат 2.000.

Најголем недостиг има на педијатри, анестезиолози, радиолози, доктори по семејна медицина и гинеколози.

Покрај овие бројки, лоша вест е тоа што во наредните десет години во пензија ќе заминат дури 4.000 доктори, претежно од семејна медицина.

GOLD
To Top