Новости

Балкан

На остров во Грција нудат 500 евра плата, земја и храна

На живописниот остров Антикитера во Грција се нудат плати од 500 евра месечно на сите што ќе дојдат да живеат на него.

Локалните власти се надеваат дека со оваа понуда ќе го зголемат бројот на жителите од сегашните 24 на барем 300. Островот Антикитира е сместен меѓу Крит и Китера, а властите на новодојдените жители ќе им дадат земја, па дури и бесплатна храна.

Островскиот свештеник и локалниот совет се надеваат дека оваа понуда ќе биде привлечна за многумина и дека островот наскоро ќе заживее. Тие рекоа дека предноста ќе имаат семејства со најмалку три деца и се надеваат дека новодојдените ќе се вработат како рибари, фармери, пекари и слично.

“Станува збор за работни места што можат да обезбедат пристоен приход за оние кои доаѓаат да живеат на нашиот остров”, изјави градоначалникот Андреас Чарчалакис.

Според информациите од локалниот весник ,,Грчки репортер”, 15 семејства веќе се пријавиле на огласот.

GOLD
To Top