Новости

Балкан

Новата забрана ги разбесни и нашите туристи на плажите во Грција

Сите овие години можевме да одиме на одмор на плажа и со себе да си носиме фрижидери со храна, сендвичи во торба, пијалок или овошје. Но се чини дека дојде крајот и на ова.

Предупредувања веќе се појавуваат на одделни плажи. Па така, на популарната Ситонија се појавија табли -со натпис на кирилица.

“Не е дозволено носење на храна или пијалоци во оваа област”.

– Кафе баровите со приватни плажи обично им нудат на своите гости лесни јадења, салати и сендвичи, и ако сте гладни нема да можете од вашата торба да подготвите или извадите сендвич или храна која ќе ве засити или освежи, туку сте принудени да нарачате храна од кафулето по многу повисоки цени оваа година.

Оброците по плажите обично чинат 7-15 евра, соковите над 2,5 евра, капучино и кафе 2 до 3,5, мало шише со вода е 50 центи.

GOLD
To Top