Новости

Балкан

Од 2 до 3 евра за гиро, од 6 до 10 евра за лигња или парче риба – еве какви се цените во Грција

Од 2 до 3 евра за гиро, околу 7 евра за свинска вешалица, од 6 до 10 евра за лигња или парче риба.  Цените во рестораните во Грција и оваа година речи си идентични како и претходната.

Најскапо и оваа година се очекува да биде на Халкидики. Оние кои одат на краците плаќаат по нешто помалку од 3 евра за гиро, додека цените во рестораните се за 10 до 20% повисоки од оние во останатите места и на островите.

Цените во продавниците се идентични како и минатата година. Популарните големи ланци на супер-макрети како Лидл и Масутис и оваа година редовно нудат производи на промоција па така, ќе можете да си купите продукти кои дури се и поевтини од нашите маркети.

Цената на сместувањето по растот од минатата година, се чини оваа ќе остане на истото ниво. Цените во хотелите се од 50евра за ноќ па нагоре, а тука некаде се движи и сместувањето во приватни вили, а цените варираат во зависност од близината на морето.

Во месарите, свинското месо е горе долу со идентични цени како во Македонија. Килограм свински бут чини од 6 до 7 евра и тоа на оние места каде што има поголема фреквенција на туристи.

Ако сте љубители на морска храна, тогаш јужниот сосед е вашата дестинација. Речи си и да нема туристичко место каде што нема специјализирана продавница за риби. Цените се од 5 до 7 евра за килограм од помалите ракчиња и лигњи. Килограм ципура или лаврак исто така чини околу 7 евра, а за оние со подлабок џеб тука се поегзотичните видови на морска храна кои чинат и по 25 евра за килограм.

GOLD
To Top