Новости

Балкан

Омилените летувалишта на Македонците во Грција поскапеа – се воведе нова такса

Туристите кои ќе одат на море оваа година на патот кон Халкидики ќе ги пречека нов пораст на давачките.

Поради големото загадување на првиот и вториот крак на Халкидики, Касандра и Ситонија, во летните месеци ќе се плаќа еколошки данок, пишува порталот grckainfo.

Наплатна рампа во близина на Неа Муданиа е веќе воспоставена, а во следните неколку денови ќе бидат поставени и на другите влезови во Ситонија.

Еколошките надоместоци ќе се наплаќаат од 1 мај до 1 октомври, особено за возилата и патниците:

– за мотоцикли – 3 евра

– за патнички автомобили – 5 евра

– за автобуси – 10 евра

– за камиони – 12 евра

Во прилог на ова, исто така ќе има и еколошки данок по лице од 1 евро.

GOLD
GoldSlot
To Top