Новости

Балкан

Падна првиот снег на Балканот

Денеска, поточно во овие вечерни часови, на северот од Балканот дојде до спуштање на значително посвеж воздух и токму оваа ситуација е поврзана со поинтензивни врнежи и грмежи.

Поради падот на температурите во Словенија на високите планински места веќе започна да паѓа и првиот снег за оваа сезона. Започнато е формирање и на бела покривка а врнежите ќе продолжат и понатаму. Снег паѓа на Кредарица, а сето ова за нашиот дел од Европа е и сосема очекувано во овој дел од годината.

Во Македонија и во следните два дена атмосферата нема да биде во целост стабилна, па така и понатаму ќе има особено изолирана појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи како и со засилување на викендот.

Многу постабилно време ќе имаме особено од четврток па за време на следниот викенд, а максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот претежно од 24 до 32 степени.

За време на следниот викенд ќе започне да дува северен ветер, што ќе биде најава за позначителен пад на температурите на воздухот од следната недела.

GOLD
To Top