Новости

Балкан

Паника на белградскиот аеродром: Дојава за бомба во авион – евакуирани 130 патници

„Не белградскиот аеродром „Никола Тесла“ дошло до паника после дојава за бомба во авион на германска национална авио-компанија „Луфтханза“.

Од авионот веднаш биле евакуирани 130 патници и пет членови на екипажот. Авионот се подготвувал за лет кон Франкфурт. На аеродромот веднаш пристигнала упатена контрадиверзиона екипа полицајци.

Авионот бил итно преместен на позиција 3.000 метри каде стручен тим го прегледувало леталото како и багажот. Инаку, во вакви ситуации авионите се преместуваат на оваа позиција, за доколку дојде до експлозија нема опасност по околните објкети и возила.

GOLD
To Top