Новости

Балкан

Поради земјотресите денеска нема настава во училиштата во Херцеговина

Министерството за образование и култура на Република Српска донесе одлука денеска превентивно да не се одржи настава во основните и средните училишта, како и во градинките, на подрачјето на источна Херцеговина, поради денешните земјотреси.

Од Министерството наведуваат дека оваа одлука е во интерес на децата и порачуваат дека наставата ќе биде надоместена подоцна.

Во Босна и Херцеговина вчера беа регистрирани четири земјотреси, од кој најсилниот од 5,4 степени.

СН Брокер
To Top