Новости

Балкан

Потребни се 5.000 работници за оваа сезона во Словенија

На Словенците им се потребни 5000 работници.

Туристичките работници во земјата очекуваат и оваа година продолжување на растот од туризмот, но се борат со недостаток на вработени. Нив им требаат 5.000 луѓе, кои планираат да ги пронајдат во блиското опкружување.

Вработување на странски готвачи, келнери и слични занимања во словенечкиот туризам ќе биде потребно и за наредните години, затоа што домашниот кадар е преоптоварен, а нивниот синдикат веќе со години се жали на ниските плати и високите даноци за прекувремено работење.

По четири години континуиран туристички раст, Словенија лани имаше 4,7 милиони туристички доаѓања и 11,9 милиони ноќевања. Се очекува и годинава државата да забележи раст на бројот на ноќевањата и приходите, но проблемот со дефицит на кадар хронично е присутен.

Ваков проблем има и Хрватска, со тоа што кај нив потребата од работници е поголема и се движи и до 20.000.

GOLD
SN Finansii
To Top