Новости

Балкан

Почина познатата српска актерка Неда Арнериќ

Познатата српска актерка, Неда Арнериќ почина на 67-годишна возраст. Според информациите на српските медиуми, пронајдена е мртва во сопствениот стан од страна на нејзиниот брат. Не се пронајдени знаци на насилство. На местото пред зградата каде што живееше има возило на Брза помош и полиција.

Неда Арнериќ е родена на 15 јули 1953 година во Књажевац и имаше богата актерска кариера.

Во Македонија стана позната по филмот „Исправи се Делфина“, додека во октомври таа гостуваше во Битола со претставата „Се извинуваме, многу се извинуваме“, а меѓу публиката во Битола беше и актерот Диме Илиев, со кого пред 43 години настапија во филмот „Исправи се Делфина“.

GOLD
To Top