Новости

Балкан

Прва жртва од свински грип во Албанија

На инфективната клиника во Тирана почина маж од вирисот AH1N1 , познат како свински грип.

Според албанските медиуми станува збор за 48 годишен маж од Елбасан , кој бил примен на клиниката со симптоми на грип во средата. Но , состојбата му се влошила и денеска мажот починал , со што е прва жртва на свински грип во Албанија.

На клиниката во Тирана уште две лица , чиј идентитет на се соопштува се во тешка состојба , заразени од AH1N1.

GOLD
To Top