Новости

Балкан

Прв случај на западнонилска треска во Србија

Во Србија е потврден првиот случај годинава на лице заболено од западнонилска треска, болест што ја пренесуваат комарците. Заболена е 84-годишна жена од Белград која има хронични болести.

Западнонилската треска е вирусна се пренесува со убод на заразен комарец. Поголемиот број од заразените околу 80 проценти немаат никакви симптоми, додека кај останатите инфицирани лица симптомите потсетуваат на грип. Само кај помалку од еден процент инфицирани со западнонилска треска може да дојде до тешки компликации менингитис и енцефалитис.

GOLD
To Top