Новости

Балкан

Премиерката на Србија и нејзината партнерка очекуваат принова

Српската премиерка Ана Брнабиќ (43) и нејзината неколку години помлада партнерка, лекарката Милица Ѓуриќ, чекаат принова, јавуваат српските медиуми.

Бремената Милица, како што пренесуваат, веќе некое време не се појавува во јавноста, а во Клиничкиот центар во Србија каде е вработена, потврдиле дека е на боледување откако останала бремена со потпомогнато оплодување.

Во кацеларијата на српската премиерка за магазинот „Глориа“ кратко се заблагодариле за честитките. Порачале и дека Ана Брнабиќ јавно не зборува за приватниот живот, и дека согласно со тоа не можат да го откријат полот на детето кое го носи партнерката на премиерката, пренесе српски „Blic“.

GOLD
To Top