Новости

Балкан

Продолжуваат борбите со пожарите во Грција

Грчките борци продолжуваат да се борат со бројни пожари, a  најлоша е ситуацијата на островот Евбеја, пренеспренесуваат медиумите.

Во природен резерват на вториот по големина грчки остров, пожарот избувна веќе втор ден и е расапален од силниот ветер. Изгорена е површина од 28 квадратни километри.

Чадот стигна до главниот град Атина, а стотици луѓе беа евакуирани.

 250 пожарникари, 75 возила, 9 хеликоптери и 7 авиони се борат со огнениот елемент

Во операцијата  се вклучени освен   пожарникари, заедно и  војската и волонтерите, помогнати од авиони и хеликоптери.

Премиерот Мицотакис им честиташе и нареди итна проценка на штетата за да се утврди обештетување на жртвите.

GOLD
To Top