Новости

Балкан

Се породи партнерката на српската премиерка, Србија не признава истополови бракови

Медиумите од регионот ја пренесоа веста дека се породила партнерката на премиерката на Србија Ана Брнабиќ.

Според пишувањата, убавата докторка, родила син на кој му го дале името Игор.

Во извештаите на агенциите како Асошиејтед прес и АФР се наведува дека партнерката на Ана Брнабиќ  Милица Ѓуриќ синоќа родила син и дека при породувањето се било во ред.

Светските медиуми како , BBCNjujork TajmsABC NewsFox News, потсетуваат дека Брнабиќ е првата жена и прва геј личност во историјата на Србија на местото премиер, „што било неочекуван потег во балканската земја каде припадниците на ЛБГТ популацијата често се изложени на малтретирања и напади“.

Понатаму се наведува дека Брнабиќ и Ѓуриќ често заедно присуствувале на јавните настани како што се концерти и отворање на изложби.

-Србија не ги озакони геј браковите, но наскоро би можела да прифати истополови заедници како дел од промените кон кои се тежи во приближувањето кон членството во ЕУ“, се наведува на порталите.

BBC  на својот портал, оценува дека српското општество е конзервативно и хомофобично и потсетува дека во Србија исто така е забрането усвојување деца во семејства со истополови партнери додека самците тоа го можат без разлика на сексуалната ориентација.

faktor.mk

GOLD
To Top