Новости

Балкан

Се урна воен хеликоптер во Бугарија – загинаа двата пилоти

Воен хеликоптер паднал во околината на Аеродромот во Пловдив и авиобаза Крумово, соопшти бугарската bTV.

Според извори на телевизијата од минисерството за одбрана во леталото имало две лица . Новинската агенција БГНЕС објави дека две лица загинале, а две се повредени по прелиминарни информации од Службите за итни случаи.

Од “непознати причини” хеликоптерот , модел Ми-17, паднал од 30-40 метри височина околу 20:30 часот при што избил пламен. Инцидентот се случил за време на вежба за спасување со јаже.

Според податоците на очевидци хеликоптерот се запалил во воздух, се превртел и паднал на земјата, при што се слушнал силен удар.

Првично аеродромските власти планирале да го затворат аеродром Пловдив, но подоцна таква одлука не е донесена.

faktor.mk

GOLD
SN Finansii
To Top