Новости

Балкан

Се урна станбена зграда во Истанбул, најмалку две лица загинаа

Најмалку две лица загинаа, а шест други се повредени денеска при уривање на осумкатна зграда во истанбулската населба Картал, соопштија локалните власти на Истанбул.

Како што јави ДПА, во соопштението се посочува дека под урнатините „останале заробени повеќе лица“, без да се прецизира конкретна бројка.

Се уште не е позната причината за уривањето, но најверојатно последните три катови биле нелегално изградени, истакнаа официјалните лица.

Во зградата, што се наоѓа во азискиот дел на Истанбул, имало 14 станови, а живееле 43 лица.

GOLD
To Top