Новости

Балкан

Софија забрани автомобили што го загадуваат воздухот

Сообраќајната полиција во Софија почна со проверки на автомобилите и камионите што го загадуваат воздухот во Софија. Возилата што испуштаат штетни гасови над дозволеното ќе бидат исклучени од сообраќај.

За таа цел, на сообраќајната полиција ѝ се доделени пет уреди од градските власти со кои ќе се мери нивото на штетни гасови. Досега вакви уреди во Бугарија се користеа само при регистрација на возилата. Оваа мерка е донесена од градските власти во рамките на активностите за намалување на загадувањето на воздухот.

GOLD
To Top