Новости

Балкан

Србија прогласи вонредна состојба заради коронавирусот

Претседателот на Србија Александар Вучиќ вечерва на прес конференција соопшти дека се прогласува вонредна состојба во земјата заради епидемијата на коронавирусот.

Тој рече дека одлуката за вонредна состојба стапува веднаш.

Од утре се прекинува наставата во училиштата и на факултетите, нема да работат градинките, нема да се одржуваат спортски настани, забарана и за работа на теретаните, се ќе биде затворено, рече Вучиќ.

Ограничување ќе има и во работата на кафулињата и рестораните, тие како што рече тој ќе работат многу малку.

„Се затвора животот, за да го сочуваме животот “ рече тој.

Според него училиштата во Србија најверојатно нема да се отворат до крајот на школската година.

Вечерва во Србија се потврдени два нови случаи на коронавирус, така што бројот на заразени изнесува 48.

GOLD
To Top