Новости

Балкан

Тлото во Корча уште се тресе – регистрирани три нови потреси

На подрачјето на областа Корча, југосточна Албанија, од првиот земјотрес кој беше почувствуван на 1 јуни во утринските часови, до денеска се регистрирани најмалку 76 потреси со различна јачина, а само денес биле регистирани три земјотреси.

Серијата земјотреси почна на 1 јуни во 6 часот и 27 минути, кога беше регистриран земјотрес со јачина од 4,9 степени на 18 километри јужно од Корча, а потресот беше на длабочина од четири километри. Вториот следуваше неколку минути подоцна и беше со интензитет од 5,3 степени.

Земјотресите беа почувствувани и во македонските градови Охрид, Струга, Ресен и Дебар.

GOLD
To Top