Новости

Балкан

Трагедија во Егејското море- Се преврте брод со мигранти , седуммина загинаа, од кои пет деца

Седум жртви , од кои пет деца и две жени загинаа при потонувањето на брод со мигранти во Егејското море , соопшти денеска грчката крајбрежна стража.

Бродот потонал во близина на островчето Инусес , меѓу островот Хиос и турскиот брег. Четири деца, петмина мажи и три жени биле спасени , а засега не е познато од која земја доаѓаат.

Стотици мигранти и бегалци загинаа во последните години, обидувајќи се да го преминат Егејското Море во претоварените мали бродови. Повеќе од 50 се удавиле од почетокот на оваа година, објави Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

GOLD
To Top