Новости

Балкан

Уапсени 13 Срби , кои шверцувале мигранти преку Дунав

Во Србија се уапсени 13 лица , кои преку Дунав криумчареле мигранти во Хрватска. Припадниците на српското Министерство за внатрешни работи уапсиле 13 лица во Нови Сад, Апатин, Лозница и Сремска Митровица осомничени за шверцување мигранти преку Дунав во Хрватска, јави српското МВР.

Се сомнева дека мигранти од Индија и Кина, како и лица од Косово кои немале визи за земјите од ЕУ, биле пренесувани преку Дунав за Хрватска за одреден паричен надоместок.

Осомничените се во притвор.

GOLD
To Top