Новости

Балкан

Уште еден починат од земјотресот во Албанија, бројката се искачи на 52

Уште едно лице им подлегна на повредите добиени од страотниот земјотрес во Албанија. Се работи за нов член од семејството Лала, со што бројката на загинати од оваа семејство се искачи на девет.

Досега, единствен преживеан од ова семејство е 17 годишниот Рам Лала. Фикрете Лала почина после погребот на осумте други жртви, пишуваат албанските медиуми. Со ова бројот на жртви од страотниот земјотрес кој ја погоди Албанија се искачи на 52. Повредени беа многу лица, додека стотици жители се евакуирани од своите домови.

GOLD
To Top