Новости

Балкан

Уште една научничка исчезна во Грција додека трчала. Се верува дека е мртва

Голема копнена, воздушна и поморска потрага се одвивала на грчкиот остров Икарија во потрага по британската туристка Натали Кристофер која исчезна во понеделникот, пренесе Си-ен-ен.

Натали Кристофер е 35-годишна астрофизичарка, која од Кипар дошла на тридневен одмор со својот партнер. Како страствен љубител на трчање, видливо од фотографиите што таа ги објавувала на Фејсбук, во понеделникот наутро излегла од соба пред да се разбуди нејзиниот партнер.

Кога ја повикал, му рекла дека отишла на трчање. Бидејќи тоа бил нивен последен планиран ден на Икарија, сакала да го искористи секој момент. Но, откако не се вратила после неколку часови и престанала да се јавува на нејзиниот мобилен телефон, партнерот го пријавил нејзиното исчезнување.

Полицијата ја насочила потрагата на југоисточниот брег на островот, бидејќи сигналот на исчезнатата Натали Кристофер, наводно, бил лоциран во таа област.

Полицијата за Си-ен-ен изјави денес дека нејзиниот телефон бил исклучен. Властите ги пребарале и двете стази по кои можела да тргне на трчање. Во потрагата учествувале полицијата, пожарникарите и хеликоптер, а дури и грчкиот министер за одбрана помагал.

За време на потрагата по неа, на островот било пронајдено женско тело, полицијата откри за Си-ен-ен, но сè уште не е потврдено дали станува збор за Натали Кристофер.

Во неделата, неколку часа пред исчезнувањето, британската научника на Фејсбук објавила фотографии од летувањето на островот и напишала дека е прекрасно место за пливање. „Денес овде ми беше многу забавно“, напишала таа.

Beautiful spot for swimming and deep water solo 😍 had so much fun here today!Realised later there are bolted routes here too, would love to come back again to climb. Any takers? 😉

Gepostet von Natalie Christopher am Sonntag, 4. August 2019

Во јули на Крит исчезна американската научничка Сузан Итон, исто така додека била на трчање. Нејзиното тело подоцна било пронајдено, а 27-годишен сторител го призна убиството пренесува мкд.

GOLD
To Top