Новости

Балкан

(Фото+Видео) Ова е напаѓачот од Истанбул – си направил „селфи“ на Таксим

Турските власти го утврдиле идентитетот на напаѓачот кој усмрти 39 лица во клубот „Реина” во Истанбул, а фотографија од неговиот пасош е споделена на Твитер.

%d0%bf%d0%b0%d1%81%d0%be%d1%88

Напаѓачот е 28-годишниот државјанин на Киргистан, а се претпоставува дека мажот влегол во Турција во ноември 2016 година, заедно со својата жена и дете. Тројцата биле пред тоа во Сирија. Адресата им е регистрирана во градот Коња, токму таму е откриена сопругата на бегалецот обвинет за нападот и е уапсена.

Турските медиуми објавија и „селфи-видео“ на маж за кого тврдат дека е напаѓачот од клубот.

Видеото го прикажува напаѓачот како се снима себеси на плоштадот „Таксим“, но не е јасно дали снимката е направена пред или по масакрот. Сторителот на атентатот е на слобода и турските власти продолжуваат да го бараат.

<iframe allowfullscreen frameborder=”0″ width=”698″ height=”573″ scrolling=”no” id=”molvideoplayer” title=”MailOnline Embed Player” src=”http://www.dailymail.co.uk/embed/video/1385047.html”></iframe>

Одговорноста за нападот ја презеде терористичката група „Исламска држава”.

Инаку експерти за безбедност изјавија дека се работи за професионален убиец.

Експертот за борба против тероризам Абдулах Агар наведе, дека начинот на кој делувал напаѓачот укажува на тоа дека „тој апсолутно е убиец и дека веројатно убивал и претходно“.

„Хуриет“ пишува дека напаѓачот се борел на страната на џихадистите на Исламска држава (ИД) во Сирија и дека при нападот во Истанбул користи техники што ги научил таму.

GOLD
To Top