Новости

Балкан

(Фото) Стравична сообраќајка на автопатот Ниш – Белград, загинаа татко и ќерка

Две лица, татко и ќерка загинаа во сообраќајна несреќа која утринава се случила на автопатот Ниш – Белград кај Мала Крсна. Од силината на ударот бебето кое се наоѓало во автомобилот излетало на автопатот.

Трагичната несреќа се случила утрово околу 8 часот.

Неофицијално автомобилот Шкода фелиција во кој имало пет патници, брачен пар со бебе и 13 годишна ќерка и повозрасно женско лице, удрил во камион кој бил паркиран на помошната лента заради работи на патот.

Во несреќата повредени се и две жени и бебе кои се наоѓале на задното седиште.

Бебето од силината на ударот излетало на патот, но благодарение на присебноста на возачите тоа брзо било подигнато од патот.

GOLD
To Top