Новости

Балкан

Хорор во Истра: Татко ја оставил ќерката (4) затворена во автомобил, починала од топлотен удар

Девојче (4) кое работници на градилиште го пронајдоа во затворен автомобил во Ровињско село во Хрватска почина.

Девојчето им полегна на последиците од топлотен удар и дехидратација, поради што и биле оштетени виталните органи.

Во Ровињско село минатиот четврток татко го оставил девојчето во врел автомобил за да не ја буди, а притоа не ја вклучил климата. Ги затворил сител прозорци од автомобилот за да не и влегува прашина од градилиштето.

Како што зборуваат жителите, девојчето, во бессвесна состојба, по два часа ја пронашле работниците во автомобилот по што повикале Итна помош.

Потоа прво итно е пренесена во Општата болница во Пула, а потоа префрлена во ријечката болница.

Извор: Сител

GOLD
To Top