Новости

Балкан

Ципрас: Не можеме на соседите да им забраниме да се самоопределуваат како Македонци

Во договорот постои решение за државјанството, бидејќи не можеме да им го забраниме правото на соседите да се самоопределуваат како Македонци, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ.

„Овој договор тоа што го прави е да не го потценува правото на самоопределување, тоа не можеме да го направиме. Не можеме да им забраниме да се самоопределуваат како Македонци, а терминот Македонци не се однесува на историјата на грчка Македонија”, вели Ципрас.

Тој, како што пренесува МИА, коментирал дека опозициите во двете земји имаат идентични позиции, дури и изјавите им биле исти, додека, пак, во однос на ставот на коалицискиот партнер во грчката Влада, Ципрас изјави дека Панос Каменос го известил дека ќе си го задржи почетниот став и нема да гласа за договорот, но и нема да ја урне Владата.

GOLD
To Top