Новости

Балкан

Шест загинати од невремето во Грција, нема повредени македонски туристи

Шест загинати, еден рибар исчезнат, десетици повредени и непроценлива материјална штета е резултатот од трагичното невреме кое го погоди Халкидики. Прогласена е вонредна состојба. Жителуте и туристите на првите два крака беа сведоци на моќен ураган, кој собираше се што ќе му се најде на патот.

54-годишна жена со 8-годишниот син од Романија се сокриле во една таверна во Неа Плагија. Но, кровот од објектот се урнал токму врз нив. Загинале на самото место. Во Созопол, силниот ветар ја превртел туристичката приколка на брачен пар од Чешка. Двете безживотни тела се пронајдени внатре. Во хотел во Неа Потидеа дрво уби 39-годишен маж, заедно со неговото две годишно дете кое го држел во раце. Спасувачите трагаат по рибар во Неа Каликратија, чие семејство не може да го најде од синоќа.  30 луѓе се спасени од домови и автомобили, а 20 се префрлени во болница.

Сведоци на разорното невреме се и македонските туристи. Јавуваат за долга и страшна ноќ, но за среќа се добри и се заблагодаруваат на нашето МНР кои брзо реагирале и им понудиле помош. Дел од нив, самоиницијативно се вратиле дома. Од МНР денеска со информација дека нема повредени македонски туристи, но остануваат достапни.

„Македонските граѓани кои евентуално се повредени во невремето во Грција можат да го контактираат Генералниот конзулат во Солун на следниве телефони

00 30 23 102 77 347

00 30 23 102 77 348

Сепак, грчките власти предупредија сите да се подготват за уште неколку часа силен ветер и дожд. Патната инфраструктура е уништена, јавуваат тамошните медиуми, поплавени се многу објекти, а струја нема речиси на сите места погодени од бурата. Додека трае расчистувањето се препорачува луѓето да не се движат по патиштата.

Пожарникарите во Полигирос добиле 600-тини повици, а спасувачки операции имале на 235 места. Цела држава е мобилизирана за денешниот ден.

И северо-источниот дел на Италија е погоден од олујното невреме. Но, тука нема жртви, десетици се повредеи и хоспитализирани. И тука, како во Грција бурата пристигнала ненадејно додека луѓето биле на плажа, по што панично почнале да бегаат…откорнати се кровови, превртени автомобили, откорнати се дрвја.

Невремето доаѓа откако заврши топлотниот бран кој ги искачи темепратурите до 45-от степен. Последица е на директниот контакт на топлиот и ладниот фронт во атмосферата пренесува Телма.

GOLD
To Top