Новости

Балкан

Што пишуваат медиумите од соседството за изборите во Македонија?

„По изборите во Македонија: Власта и опозицијата на 1% разлика“ – пишува бугарскиот сајт Днес.

Подолу во текстот за изборите во земјава, пишуваат дека и  ВМРО-ДПМНЕ, и СДСМ на Зоран Заев прогласија изборна победа.

„Парадокс – две партии во Македонија се изјаснија за победници“ – пишува бугарската Нова Тв.

Двете најголеми партии во Македонија се со речиси израмнети резултати по вчерашните предвремени парламентарни избори, додава Нова Тв во извештајот.

„Падна режимот на Груевски, пред Владата Заев прогласи голема победа“, пишува српски Курир.

Тие ја пренесуваат изјава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој рече дека обединети победиле и дека се раѓа живот во Македонија.

Белградски Блиц пишува дека ВМРО-ДПМНЕ прогласило победа, а СДСМ кажува дека се фифти-фифти.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе има 51 мандат, а СДСМ 49 во Парламент со 120“ – пишува бугарската агенција Бгнес.

„Албанците изгубија мандати“ и „ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ“, пишува Радио телевизија Црна Гора.

faktor.mk

GOLD
To Top