Новости

Балкан

Штрајк на вработените во градскиот транспорт во Солун

Во градскиот транспорт во Солун денеска е објавен 24-часовен штрајк, откако вработените уште вчера почнаа протестни акции поради страв дека се подготвува приватизација на транспортната компанија на градот.

Како што јави ЕРТ, вработените бараат да се избрише клаузулата во предлог законот на Министерството за транспорт, според која дејности на солунскиот градски транспорт можат да се даваат и на други организации и на приватни лица.

Раководството на солунскиот градски транспорт соопшти дека штрајкот е неоснован и истакна дека измените кои се подготвуваат не ги засегаат работничките права, ниту има ризик за работните места на работениците./МИА

GOLD
To Top