Новости

Балкан

Анкета: Грците незадоволни од двегодишното владеење на СИРИЗА

Осумдесет и еден отсто од Грците кои биле анкетирани во рамките на анкетата за испитување на јавното мислење спроведено од еден од грчките универзитети не се задоволни од двегодишното владеење на левицата СИРИЗА во Грција.

62 проценти пак од избирачите, кои гласале за СИРИЗА на последните избори во септември минатата година, исто така се незадоволни од нивното управување. Испитувањето покажало дека девет од десет Грци сметаат дека земјата се движи во погрешна насока.

Истовремено конзервативците од Нова демократија се на пат да добијат гласови, кои при евентуални избори би можеле да им обезбедат самостојно владеење. Доколку сега се одржат избори Нова демократија ќе добие 33 отсто од гласовите, а СИРИЗА 16,5 проценти.

Трета партија е неонацистичката Златна зора со 7,5 отсто, а по неа следува Комунистичката партија со седум проценти. Петти е Демократскиот блок (ПАСОК-ДИМАР) со 6,5 отсто.

GOLD
To Top