Новости

Балкан

Без маски и без тестови започнува учебната година во Грција

Под изменет протокол и без задолжителна маска и задолжителни тестови, учениците во Грција денеска се враќаат во училишните клупи, јави дописничката на МИА од Атина.

Новата учебна година започнува за 1,3 милиони ученици во забавиштата, основните и средните училишта.

Оваа година, укината е задолжителната маска како за учениците, така и за професорите и наставниците.

Укината е и досегашната пракса за време на пандемијата, селф тестовите, односно тестовите за домашна употреба да бидат задолжителни за следење настава, а единствено ќе се тестираат невакцинираните просветни работници и административниот персонал во училиштата.

За нив, задолжително е еднаш седмично да достават негативен резултат од ПЦР или рапид тест.

Евротип
SNBROKER
To Top