Новости

Балкан

Бугарската клиника вакцинира македонски граѓани на граница: Може да се пријави секој, досега имунизирани 513 лица

Бугарската клиника „Комак Медикал“ во следните три месеци планира да им овозможи на македонските граѓани на возраст од 18 години па нагоре да примат вакцина на македонско-бугарската граница и да добијат сертификат.

Првиот човек на „Комак Медикал“, д-р. Милен Врабевски вели дека сите лица имунизирани со вакцината на „Џонсони Џонсон“ или со двете дози на „Фајзер“ и „Модерна“ ќе добијат сертификат, а досега се пријавени повеќе од 2.000 граѓани.

Пред еден месец македонските граѓани добија можност да бидат вакцинирани со вакцините „Фајзер“, „Џонсон и Џонсон“ и „Модерна“ на граничните пунктови Станке Лисичково – Делчево и Златарево – Ново Село, досега се имунизирани 513 граѓани вели за „Фокус“ д-р Врабевски.

Тој појаснува дека лицата кои ќе дојдат во нивните вакцинални пунктови имаат можност да си изберат со која вакцина ќе се вакцинираат, нагласувајќи дека и оние кои немаат бугарски пасоши, а имаат желба за вакцинација нема да бидат вратени.

Д-р Врабевски појаснува дека оваа идеја за вакцинација на лицата кои имаат бугарско државјанство наишло на одобрување од бугарската Влада. Но, сепак нема да се прави дискриминација ќе се вакцинираат и оние кои имаат и само македонско државјанство.

Според него потребни се околу 30 минути за да се вакцинира едно лице, при што се прави краток физиолошки преглед, се зема анамнезата на кандидатот за вакцинација и се проценува дали нема причина да не се вакцинира.

Медицинските тимови се составени од мои вработени (од мојот медицински центар во Бугарија). Самата вакцинација трае 1-2 минути и после тоа се препорачува пациентот да остане во центарот 10-15 минути за да следи дали има алергиска реакција. Секој може да се пријави на следниве броеви: +359 (0) 886 800 264 (Viber)+359 (0) 882 516 981 (Viber). Пунктовите се отворени од 10.00 до 18.00 часот , секој ден, освен сабота и недела и државни празници. Вакцини има и сите ќе бидат вакцинирани. Вакцинацијата е наша доброволна работа и инвестиција за сите во Македонија. Ние работиме со министерот за здравство за да го зголемиме бројот на вакцинирани во Македонија, и работиме како поддршка и целосна синхронизација со официјалните власти во Скопје – вели тој.

Бидејќи мобилните канцеларии се наоѓаат во меѓуграничната зона, граѓаните нема да мора да влегуваат во Бугарија и затоа не треба да покажат негативен резултат на ПЦР-тест.

Повеќе на „Фокус“.

Евротип
SNBROKER
To Top