Новости

Балкан

ВИДЕО: Загина синот на сопственикот на „Џамбо“ – одземени четири жртви

Во тешка сообраќајна несреќа загина синот на сопственикот на познатиот ланец на продавници за детски играчки „Џамбо“.

Како што информираат грчките медиуми, дваесет и четиригодишниот Џорџ Вакакис возејќи со голема брзина со автомобил од марката  Порше на неговиот татко, удрил во паркирано возило Хонда, во кое што на самото место загинале трисетитригодишна жена и нејзиното тригодишно дете. Сопатникот на Вакакис кој што сеуште не е идентификуван, исто така загинал излетувајќи низ шофершајбната.

Возачот на автомобилот во кој што удрил младиот Вакакис се паркирал на кратко и заминал во тоалет, додека неговата сопруга и детето останале внатре.

Кога го слушнал силниот удар, истрчал надвор, но не бил во состојба да им помогне на жртвите, бидејќи и двата автомобили биле во пламен.

Настанот се случил вчера, во раните утрински часови на автопатот Атина – Ламија, на околу 80 километри оддалеченост од Атина. Според очевидци, автопатот бил влажен.

Видео од надзорните камери на кое што се гледа стравотниот удар веќе е објавено во повеќе светски медиуми.

Погледнете го видеото:

GOLD
To Top