Новости

Балкан

(Видео) Први снимки од силниот земјотрес во Грција

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот бил со јачина од 6,2 степени. Претходно беше објавено дека големината е 6,9 или 5,9 степени.

Се додава дека земјотресот е регистриран на длабочина од десет километри и дека најблискиот поголем град е Лариса, кој се наоѓа на 23 километри северозападно од оваа точка.

Германскиот истражувачки центар за геолошки науки објави дека земјотресот бил со јачина од 6,0 степени, со длабочина од 10 километри, додава Ројтерс.

Сведоци велат дека земјотресот бил почувствуван и во соседна Албанија, Бугарија и Македонија.

GOLD
To Top