Новости

Балкан

ВИДЕО: Се тресеше Дубровник – камерите го снимија вчерашниот земјотрес

Земјотрес со јачина од 4,1 степен бил регистриран во областа Дубровник вчера во 23.07 часот.

За време на земјотресот на Страдун, имало само еден човек кој го шетал кучето. Епицентарот на земјотресот бил во близина на Пољице Попово, 20 километри северозападно од Дубровник.

Земјотресот е почувствуван во пошироко епицентрално подрачје, објави хрватската сеизмолошка служба.

Интензитетот на епицентарот бил 5 степени според скалата на ЕМС.

Земјотресот траел кратко и не е забележана материјална штета.

 

GOLD
To Top