Новости

Балкан

Викендов кафулињата и трговските центри ќе затворат во 14:00 часот, Србија воведе нови мерки

Се заоструваат епидемиолошките мерки против корона вирусот во Србија откако надлежниот Кризен штаб денеска решил да и предложи на Владата – угостителите и трговските центри за време на викендот да работат до 14 часот.

Предлогот е продавниците, медицинските ординации, ветеринарните ординации и лабораториите ќе работат како и до сега. Фризерските салони можат да продолжат да работат како и обично, како и доставувањето на храна.

Нова седница на Кризниот штаб е закажана во понеделник, кога ќе се дискутира за почитување на мерките за време на викендот.

Како што беше претходно најавено, податоците за бројот на новозаболени лица во Србија не се охрабрувачки, бидејќи вчера беа регистрирани повеќе од 3.500 нови случаи.

Евротип
Евротип
To Top